Својот најзначаен подем и растеж Прилеп го доживеа во времето на слободниот повоен развој кога и израсна во значаен политичко-административен,културно-образовен,научен и стопански центар во Република Македонија.На македонската книжевност Прилеп и подари повеќе од 25 писатели, на ликовната уметност дваесетина сликари и скулптори, а на македонската научна мисла повеќе признати научни работници.
Резултат на евидентниот развој е и дејноста на Економскиот факултет но и на другите две научни институции: Институтот за тутун и Институтот за истражување на старословенската култура.
Стопанскиот живот се согледува преку повеќе индустриски гранки, како што се тутунската индустрија, металната индустрија, индустријата за неметали, хемиската,текстилната и дрвната индустрија.
Прилеп е познат светски центар за производство на квалитетен тутун од типот “Прилеп” кој е особено баран на светскиот Пазар. Прилеп е и град во кој се наоѓаат рудниците на еден од најквалитетните мермери во светот.
Прилеп е град на тутунот и мермерот,на богато културно наследство и историја, на националната гордост и отвореност кон светот,град херој.


Comments
Post a Comment